Pėrshėndetje. Welcome. Добредојдобте. Shqip | English | Македонски
Association of People with Disabilties Shpresa

ШПРЕСА

Здружението на Инвалиди “Шпреса“ е невладина, непрофитабилна, граѓанска, хуманитарна и социјална организација, посветена на подобрување на животните услови на лицата со хендикеп и нивните семејства. Истотака, се занимава и со авансирање на правата на лицата со хендикеп во сферата на образованието, здравството, социјалата и вработувањето, сaмоучеството, подигнувањето на јавната свест за правата на лицата со хендикеп, лобирање за промена на законите и нивното спроведување. Нашето здружение веќе не го третира проблемот на хендикепот како здравствен туку како проблем на рамноправноста, праведноста и еднаквоста со другите граѓани.

Здружението на Инвалиди “Шпреса“ се занимава и со класични социјални проекти, како што се: Снабдување на лицата со хендикеп со ортопедски помагала, снабдување на нашите членови кои следат редовна настава со училишни прибори, почнувајќи од основното па се до високото образование, снабдување со пелени, за тие членови кои имаат потреба идр...