Përshëndetje. Welcome. Добредојдовте. Shqip | English | Македонски
Association of People 

with Disabilties Shpresa
Овој проект е финансиски подржан од Министерство за труд и социјална политика на Р.М. Неговата цел е да им се даде можност на што поголем број на родители на деца со посебни потреби и на самите лица со посебни потреби, членови на З.И.“Шпреса“, да се запознаат со нивните права кои се гарантирани од актуелните закони на Р.М. од страна на социјален работник. Преку психологот, на овие 24 лица им се дава можност да научат како да ги превладеат проблемите на нивните секојдневни животи, во стресни ситуации или депресии, за да не се врши насилство во семејството, да нема дискриминација и да се одбегнат разводите, затоашто разводот е уште една несреќа плус за децата од оваа категорија.

Овој проект почна со имплементација на ден 01.10.2009 и ќе трае до 31.12.2009 година. Бидејќи интересот беше многу голем, како од родителите татковци така и од родителите мајки, се надеваме дека ќе најдеме донатор за да го имплементираме овој проект и наредната година.
Во текот на месец Јуни и Јули, З.И.“Шпреса“ имплементираше проект подржан од SPA програмата, овозможено од USAID и Мировен Корпус, Македонија. Во текот на 8 недели, 9 членови следеа обука за време на викендите, за да научат Англиски јазик и информатичка технологија.

Обуката ја одржуваше Африм Бајрами, заедно со Блерим Реџепи кој им асистираше на кандидатите. Обуката по англиски јазик се состоеше од почетничкото ниво на говоречкиот јазик, почнувајќи од буквите на англиската азбука, претставувајќи се себеси, и прости реченици и прашања од минато, сегашно и идно време.

За време на обуката по информатичка технологија, кандидатите научија да го употребуваат Microsoft Office. За време на часовите, дадени беа детални инструкции за тоа како да се употреби MS Word, Publisher и Powerpoint, кои се многу важни способности за идните можности за вработување.

Секоја од овие сесии беше снимена за да се зголеми ефектот на проектот во средината. Снимките беа искористени како лекции од 5-20 минути, фокусирајќи се на главните лекции. Сите овие лекции беа вметнати во DVD и им беа дадени на кандидатите кои ја следеа оваа обука во текот на летото, за да можат да вежбаат и да го повторат тоа што го научиле. Останатите DVD ќе им бидат дадени на други членови кои се заинтересирани да научат Англиски јазик и информатичка технологија.

На ден 25.11.2009, овој проект и официјално заврши, со едно мало собирање на сите кандидати за да им се поделат сертификатите. Сефер Хисени, член на З.И.“Шпреса“, кој е вработен во општина Чаир, зборуваше со кандидатите за неговото искуство за тоа како е да се биде лице со посебни потреби и да се живее и работи во ова општество, за да ги охрабри кандидатите да продолжат да учат и да ги подобруваат своите способности.

Обуката по англиски јазик
обуката по информатичка технологија
Овој проект беше финансиски подржан од Владата на Р.М, секторот за соработка со НВО, со кој имавме за обврска да изградиме 5 пристапни рампи пред 5 јавни институции. Проектот започна со имплементација на ден 11.01.2009 и заврши на ден 27.03.2009 и длабоко сме убедени дека проектот се имплементираше успешно. Ние како здружение кое ги третира проблемите на лицата со хендикеп, вакви проекти ќе имплементираме и во иднина, затоашто сме убедени дека ваквите проекти директно влијаат на животните услови во нивните средини.



Со цел да се поправат условите за независен живот на лицата со посебни потреби во општина Чаир, Здружението на Инвалиди “Шпреса“, во соработка со француската организација “Handicap International”, а се придружија многу други невладини организации, и се разбира, со една силна подршка од општина Чаир, го поттикнаа креирањето на акциониот локален план за лицата со посебни потреби кој е базиран врз стандардните правила на Обединетите Нации.
Овој проект се реализираше во текот на целата 2007 година, а се круниса на ден 07.12.2007 година, кога и се усвои од страна на советот општина Чаир.
Со овој проект беа евидентирани сите проблеми кои ги преокупираат лицата со посебни потреби во територијата на општина Чаир, и како што е предвидено, следува 3 годишен период за имплементирање на истиот. Во почетокот на 2008 година, беше потпишан договор помеѓу З.И.“Шпреса“ и “Handicap International”, токму за имплементирањето на овој план, и во текот на оваа година, работната група која беше предвидена да се формира, во соработка со представниците од општината, работеше доста успешно и успеа да ги постигне овие резултати:

  • Со нашите активности успеавме да се изградат две рампи пред две институции;

  • З.И.“Шпреса“ спроведе курс по информатика за 24 лица со посебни потреби, кој траеше 3 месеци, почнувајќи од 10.09.2008 до 28.12.2008

  • Во главниот влез на општината Чаир, се изгради рампа за лица со посебни потреби која ги исполнува сите градежни стандарди.

  • Подготовки за основање на канцеларија за информации која ќе работи според едно-шалтерскиот систем.

Се разбира дека, ние како З.И.“Шпреса“, активностите за спроведување на локалниот акционен план 2008-2010, ке ги продолжиме и во текот на 2009 година и се надеваме дека ќе постигнеме поголеми и поконкретни резултати.








Овој проект започна со подготвителната фаза од 10.09.2008 а обуката започна на ден од 20.10.2008. Со овој проект беше предвидено да се обучат 24 наши членови, поделени на 4 групи по 6 члена, во зависност од нивното претходно знаење, во сферата на информатичката технологија. Оваа обука се одржи во едукативниот центар кој е во склоп на З.И.“Шпреса“. Овој проект траеше до 28.12.2008, а финансиски беше подржан од Град Скопје.


Здружението на инвалиди Шпреса, во текот на 3те последни години, посвети посебно внимание на создавањето на услови за што е можно подобра инклузија на лицата со посебни потреби во редовните училишта. Ова не е направено ненамерно, затоашто е општо познато дека образованието на едно лице влијае директно на креирањето на личноста.
Проектите кои влијаеја на создавањето на условите се имплементирани на различни начини. Кога го велиме тоа, мислиме на промените кои ги стекна проектот со текот на времето, се со цел негово усовршување. Ова значи дека до пред 2 години, овој проект се имплементираше само преку театарска претстава на уличен театар. Во последно време, со истиот проект предвидена е и работилница. Последниот проект беше финансиски подржан од познатата фондација Сорос, а се имплементираше во Струмица, Штип, Велес и Струга.

Целта на овој проект беше да се сензибилизираат и да се охрабрат или поттикнат представниците на сите образовни институции и представниците на сите невладини организации од одредената општина, не исклучувајќи ги тука и представниците на самата општина бидејки, со новата територијална поделба, многу од ингеренциите во образованието остануваат врз општината, за сите заеднички да создадат услови за што е можно подобра инклузија на децата со посебни потреби во редовните училишта.
Условите кои треба да се создадат се:
-Секоја образовна институција да има физички пристап;
-Да има вработено стручно лице, или дефектолог;
-Сите училишта да се снабдат со помагални средства за учениците со посебни потреби;
Втората цел на овој проект беше, паралелно, на сите присутни на оваа работилница да им доделиме анкетни листови, во кои се прашуваше колку училишта во таа општина имаат физички пристап, колку ученици со посебни потреби посетуваат редовна настава во едно одредено училиште и дали училиштата имаат вработен дефектолог.
Трета цел на овој проект беше да се подигне свеста кај сите присутни, без разлика дали се работи за децата или наставниците, за да ги прифатат децата со посебни потреби во нивните средини без предрасуди и стереотипи.
Овој проект се спроведуваше на две фази:
-Првата фаза беше организирање на работилница за гореспоменатите представници од одредената општина, во која предаваше експерт по дефектологија;




Втората фаза беше претставувањето на Уличен Театар, кој требаше да го следат учениците од училиштата кои гравитираат во одредената општина;




Сето ова беше препратено со флаери и постери.
Овој проект започна со спроведување од 01.11.2007 и траеше до 30.04.2008. Со овој проект, освен овие 4 општини, претходно беа опфатени и овие града или општини: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Кавадарци. Со овој проект, целиме да ги опфатиме и останатите општини на Р.М. затоашто само на овој начин можеме да кажеме дека не сме ги дискриминирале лицата со посебни потреби кои живеат во тие општини.
Многу лица со посебни потреби имаат потреба за инвалидски колички и не можат да си дозволат себеси да ја купат, дури и со социјалната помош која ја добиваат од владата.
Сега брзо, завршивме со еден проект, во соработка со Мировен Корпус од САД, со кој обезбедивме инвалидски колички за тие лица кои имаат потреба од нив и помогнавме да се затне таа дупка во социјалните услуги на владата.
Идејата за овој проект се роди пред 2 години, за време на еден состанок меѓу поранешната директорка на Мировен Корпус, и председателот на З.И.“Шпреса“, г-дин Елват Мухареми. Посветеноста и соработката помеѓу двете организации го донесе проектот пред имплементирање минатата година. На ден 15.07.2008, добивме збор дека 280 инвалидски колички веќе стигнале во Грција, и чекаат да се префрлат во Македонија.
Се комплетираше потребната документација и владата ни Р.М. ни дозволи да ги внесеме количките во државата без плаќање на царина. Компанијата за шпедиција Орбит се погрижи за целиот процес и количките се ставија во магацин се до денот на распределбата.
На ден 01.08.2008, ги поканивме нашите членови и нивните семејства, представниците на Мировен Корпус и медиумите, за да ни се придружат за свеченото распределување на овие колички. Овој настан беше доста емотивен за сите нас и нашите членови беа пресреќни што ги добија овие колички.





Во текот на месеците кои следуваа, доделивме колички и на други организации:


Август 20, 2008
-10 колички за геронтолошкиот центар “13 Ноември“

Август 26, 2008
-30 колички за здружението за одбрана на правата на лицата со псоебни потреби “Мирсија“, Куманово

Август 28, 2008
-40 колички за здружението на параплегичари и лица со детска парализа “Handicap”, Тетово.

Септември 06, 2008
-26 колички за “Handicap- Uniteti”, Гостивар

Септември 24, 2008
-10 колички за здружението на телесни инвалиди, Кичево

Октомври 21, 2008
-10 колички за здружението на телесни инвалиди, Дебар

Октомври 22, 2008
-10 колички за здружението на телесни инвалиди, Скопје

Декември 03, 2008
-5 колички за дневниот центар, Тетово


Уште еден настан за распределба на количките се случи во Куманово, на ден 14 Септември. Присутни беа и З.И. “Шпреса“, заедно со представниците на Мировен Корпус. Времето не беше идеално за еден таков ден и многу малку лица имаа можност да бидат присутни за да си ги подигнат количките. Како и да е, членови на нивните семејства беа присутни, и ги подигнаа количките во нивно име. Останатите организации не беа во можност да организираат такви настани.