Овој проект се реализираше во текот на целата 2007 година, а се круниса на ден 07.12.2007 година, кога и се усвои од страна на советот општина Чаир.
Со овој проект беа евидентирани сите проблеми кои ги преокупираат лицата со посебни потреби во територијата на општина Чаир, и како што е предвидено, следува 3 годишен период за имплементирање на истиот. Во почетокот на 2008 година, беше потпишан договор помеѓу З.И.“Шпреса“ и “Handicap International”, токму за имплементирањето на овој план, и во текот на оваа година, работната група која беше предвидена да се формира, во соработка со представниците од општината, работеше доста успешно и успеа да ги постигне овие резултати:
- Со нашите активности успеавме да се изградат две рампи пред две институции;
- З.И.“Шпреса“ спроведе курс по информатика за 24 лица со посебни потреби, кој траеше 3 месеци, почнувајќи од 10.09.2008 до 28.12.2008
- Во главниот влез на општината Чаир, се изгради рампа за лица со посебни потреби која ги исполнува сите градежни стандарди.
- Подготовки за основање на канцеларија за информации која ќе работи според едно-шалтерскиот систем.
Се разбира дека, ние како З.И.“Шпреса“, активностите за спроведување на локалниот акционен план 2008-2010, ке ги продолжиме и во текот на 2009 година и се надеваме дека ќе постигнеме поголеми и поконкретни резултати.



