Здружението на инвалиди Шпреса, во текот на 3те последни години, посвети посебно внимание на создавањето на услови за што е можно подобра инклузија на лицата со посебни потреби во редовните училишта. Ова не е направено ненамерно, затоашто е општо познато дека образованието на едно лице влијае директно на креирањето на личноста.
Проектите кои влијаеја на создавањето на условите се имплементирани на различни начини. Кога го велиме тоа, мислиме на промените кои ги стекна проектот со текот на времето, се со цел негово усовршување. Ова значи дека до пред 2 години, овој проект се имплементираше само преку театарска претстава на уличен театар. Во последно време, со истиот проект предвидена е и работилница. Последниот проект беше финансиски подржан од познатата фондација Сорос, а се имплементираше во Струмица, Штип, Велес и Струга.
Целта на овој проект беше да се сензибилизираат и да се охрабрат или поттикнат представниците на сите образовни институции и представниците на сите невладини организации од одредената општина, не исклучувајќи ги тука и представниците на самата општина бидејки, со новата територијална поделба, многу од ингеренциите во образованието остануваат врз општината, за сите заеднички да создадат услови за што е можно подобра инклузија на децата со посебни потреби во редовните училишта.
Условите кои треба да се создадат се:
-Секоја образовна институција да има физички пристап;
-Да има вработено стручно лице, или дефектолог;
-Сите училишта да се снабдат со помагални средства за учениците со посебни потреби;
Втората цел на овој проект беше, паралелно, на сите присутни на оваа работилница да им доделиме анкетни листови, во кои се прашуваше колку училишта во таа општина имаат физички пристап, колку ученици со посебни потреби посетуваат редовна настава во едно одредено училиште и дали училиштата имаат вработен дефектолог.
Трета цел на овој проект беше да се подигне свеста кај сите присутни, без разлика дали се работи за децата или наставниците, за да ги прифатат децата со посебни потреби во нивните средини без предрасуди и стереотипи.
Овој проект се спроведуваше на две фази:
-Првата фаза беше организирање на работилница за гореспоменатите представници од одредената општина, во која предаваше експерт по дефектологија;
Втората фаза беше претставувањето на Уличен Театар, кој требаше да го следат учениците од училиштата кои гравитираат во одредената општина;
Сето ова беше препратено со флаери и постери.
Овој проект започна со спроведување од 01.11.2007 и траеше до 30.04.2008. Со овој проект, освен овие 4 општини, претходно беа опфатени и овие града или општини: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Кавадарци. Со овој проект, целиме да ги опфатиме и останатите општини на Р.М. затоашто само на овој начин можеме да кажеме дека не сме ги дискриминирале лицата со посебни потреби кои живеат во тие општини.


